Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата
сопруга и поранешна државна секретарка Хилари Клинтон им ја честитаа изборната
победа на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговиот
потпретседателски кандидат Џеј Ди Венс.
Клинтон изразија надеж дека Трамп и Венс ќе „владеат за
сите“.
Тие ги пофалија и демократските кандидати за претседател и
потпретседател Камала Харис и Тим Валц, кои ги поддржаа, за „позитивната,
прогресивна кампања со која сите треба да се гордеат“, јави Си-Ен-Ен.
– Мораме да запомниме дека Америка е поголема од резултатите
на какви било избори и она што ние како граѓани го правиме сега ќе ја направи
разликата помеѓу нацијата што оди напред и онаа што се движи назад, рекоа
Клинтон на X.
Американскиот претседател Џозеф Бајден му честиташе на Трамп
и најави дека вечерва ќе и се обрати на јавноста