Денеска за време
на судењето за двојното убиство на Вања и Панче сведочеше Ѓорѓи Џолев,
сопственикот на Реното „Кангу“ кое се појавува на снимките.
Тој за време на
сведочењето рече дека  во штабот на Десна
видел како имало пиштол, и објасни како изгледало оружјето.
„Тоа беше во
штабот на Десна кај Шампионче. Во собата каде што спиеше Палчо имаше пиштол во
футрола. Пиштолот беше во темна боја, темна или црна… Не прашав поради која
причина е пиштолот тука“, рече Џолев, пренесе ТВ21.
На прашање дали му било чудно што има пиштол во партија, тој рече дека можеби, но не можел да праша бидејќи имало и други лица.
„Не ми е јасно чив беше тој пиштол,
но мислам дека беше на Палевски“, рече Џолев кој кажа дека често донирал на
партијата.
„Јас често
донирав во партијата, пари, купував и опрема, појачала, микрофони и сл.“
Џолев рече дека
возилото „Рено Кангу“ било донирано од негова страна на партијата Десна.
„Тоа возило е од
Исланд во 2009 година, а во 2023 година го дадов на Десна. Претседател сум на
централен комитетот на ПП Десна. Со Палчо се познавам од 2017 година, Велибор
од 2020 или 2021 година, другите ги знам од подоцна. Кекишев од 2021 кога
штабот беше Опера Хаус во Адвокатска улица. Боре го запознав последен во 2023
година, точно не можам да се сетам“, изјави Џолев.