Нема крај на неодговорно, недомаќинско и расипничко
однесување на СДС и ДУИ. Секојдневно на видели излегуваат нивните злоупотреби
со институциите на системот, ограбувањето на државните ресурси, осиромашувањето
на народот, <span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">велат од ВМРО-ДПМНЕ</span>
Изминатиот период објавивме бројни скандали за злоупотреба
на службената должност на лица од СДС и ДУИ кои раководеле со јавни и државни
институции.
Од ваквите скандали кои отвораат сомнежи за сторени
криминали од милионски вредности, СДС и ДУИ не ги поштедиле ниту здравствените
институции кои треба да се сервис и да водат грижа за здравјето на македонските
граѓани.
Клиниката за детски болести е здравствена институција која
треба да обезбеди навремена, соодветна и квалитетна здравствена нега за
најчувствителната категорија пациенти, децата. Но, СДС и ДУИ не можеа да ги
држат рацете подалеку дури ни од оваа витална институција, а да не профитираат
врз здравјето на децата.
Според Извештајот на Државниот завод за ревизија за работата
на детска Клиника во 2022 година, констатирано е дека без тендер се набавувале
лекови во вредност од неколку милиони.
За време на раководењето на кадри од СДС и ДУИ, Клиниката за
детски болести набавила лекови од 8,6 милиони денари на реверс, а потоа ги
вратила на фирмата која го добила тендерот.
Освен кон набавените лекови, детска клиника во време на СДС
и ДУИ неодговорно се однесувала и кон лековите кои ги добивала како донација,
така што за две донации не е запишано која сума се проценуваат.
Според податоците во Извештајот, примени се лекови за ретки
болести во вредност од 200 милиони денари, а лекови вредни над 50 милиони евра
останале неискористени.
Ова само покажува колку е голема неспособноста на СДС и ДУИ,
и колку недомаќински и расипнички раководеле со јавните здравствени установи.
Кај што ги трошеле и не ги штеделе парите на граѓаните, така и со донациите
недомаќински управувале.
Како и во целата држава, така и во здравството СДС и ДУИ
направија хаос и целосно го урнисаа<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">,
стои во соопштението.</span>