Јас го повикувам да покаже малку чесност и одговороност кон
државата која го ранела 40 години и да се врати. Ако не се врати доброволно, ќе
најдеме соодветен начин како да го вратиме. Распишана е меѓународна потерница и
доставени се сите документи преку Министерството за правда. Ќе овозможиме
процес на правда, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски
одговарајќи на пратенички прашања во Собранието за бегството на
екс-вицепремиерот Артан Груби.
Тошковски истакна дека фактот што Груби е на црната листа на
САД, дополнително го поткрепува дејствието на МВР по насока на ЈО и Судот.
-Не можам да не истакнам дека бегањето од одговорност е
синоним за вина. Бегањето од соочување со органите на прогон за македонските
граѓани ќе биде сфатено како признание за вина, посочи првиот полицаец во
државата од собраниската говорница.