Денешниот напад на Раде Штекли како и во првите два наврати кога беше пукано кон него, беше најавен на социјалната мрежа на ТикТок.
Имено, на ТикТок како најава е објавено видео од експлозија во Ќерамидница, а во истото меѓудругото стои коментарот <b>„Скопје, Керамидница карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат“</b>.
Од полицијата претходно информираа дека пријавата за експлозијата ја добиле во 09:20 часот.
-Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Ова е трет обид за убиство на Раде Трајковски-Штекли. Минатата година, во период од два месеци Штекли беше мета на напади во трговскиот центар Ист Гејт. Во еден од нападите беше погоден со пет куршуми.
Увидот е во тек.