<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Решен откупот на
ориз! По интензивните средби кои ги имавме заедно со министерот за
земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски периодов се
пронајде решение за откупот на оризопроизводителите, информираше премиерот Христијан
Мицкоски. </span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Се донесе одлука
дополнително да се поддржи откупот со по 6 000 денари за 1 000 килограми
откупена оризова арпа наменета за извоз. Плус на ова оризопроизводителите ќе ги
добијат субвенции од 18 илјади денари од хектар за тековната 2024 година.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Ова е конкретна и
многу добредојдена поддршка за земјоделците. На овој начин ги решаваме
проблемите и се бориме за подобар стандард на сите, истакна Мицкоски во
објавата</span>