На денешниот Конгрес на СДСМ, партискиот лидерот Венко Филипче ќе ја предложи Фани Каранфилова-Пановска за заменик-претседател, функција која претходно ја вршеа Радмила Шекеринска и Сања Лукаревска, дознава <a href="https://fokus.mk/filipche-ke-ja-predlozhi-fani-karanfilova-za-zamenik-pretsedatel-na-sdsm/">„Фокус“.</a>
Откако на чело на СДСМ дојде Зоран Заев во 2013 година, беше воведена функција заменик-претседател, која првично ја вршеше Радмила Шекеринска, а потоа на нејзино место дојде Сања Лукаревска.
Иако долго време има различни размислувања на Бихаќка дали оваа статутарно предвидена партиска функција да се укине, сепак, тоа нема да се случи и со доаѓањето на Венко Филипче на лидерското место, наследувајќи го Димитар Ковачевски.
На денешниот Конгрес на СДСМ, според неофицијални информации на „Фокус“, Филипче за заменик-претседател ќе ја предложи Фани Каранфилова-Пановска, која долго време е активна во граѓанскиот сектор, а меѓу другото, беше и директор на Фондацијата Отворено општество-Македонија, во чие време се затвори канцеларијата во Македонија и се пресели во Албанија.