Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и
професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје,
поднесе кривична пријава против С.Т. поради постоење основи на сомнение за
сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од
Кривичниот законик.
Пријавената С.Т. – на работното место помошник на министерот
во Центарот за обука на МВР, во периодот од септември до октомври 2023 година,
постапила несовесно во вршење на своите должности и овластувања, на тој начин
што на лица со кои министерството имало склучено договор за основна обука за
полицаец (генерација 2023/2024) им овозможила да продолжат со основната обука и
покрај тоа што им бил откажан договорот за основна обука поради тоа што не ги
освоиле потребните бодови за продолжување на обуката во друг модул. Пријавената
самоволно и незаконски им овозможила да ја продолжат обуката на начин што им
биле прифатени поднесените приговори, им било извршено ретестирање спротивно на
подзаконските прописи што ја регулираат предметната материја и им овозможила да
засноваат работен однос во министерството и покрај тоа што во договорот била
предвидена одреба согласно која во случај на спор постапувањето е во надлежност
на судот.<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>
Со тоа што им овозможила на кандидатите за полицаец
понатамошно право на обука, престој и исхрана во Центарот за обука во МВР, таа
го оштетила буџетот на МВР во вкупен износ од 189.777 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и
професионални стандарди изрече задолжителни мерки да се преиспита основаноста
на склучените договори за работа.
До јануари 2024 година министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски.