На предлог на Министерството за животна средина и просторно
планирање, неодамна Владата ја усвои информацијата за ставање во функција на
овој хидросистем и после речиси три години застој во работата, водите на
Дојранскот Езеро повторно ќе се надополнуваат од бунарите од Ѓавато.
„Владата и Министерството за животна средина и просторно
планирање ќе се залагаат да се изнајде решение за финансиските средства, за во
блиска идина да се реконструира целосно овој хидросистем” изјави министерот
Изет Меџити нагласувајќи дека за повторно функционирање на хидросистемот е
потребна реконструкција на самиот цевковод и набавка на неколку нови потопни
пумпи.
На Бунарско подрачје Ѓавато моментално има технички исправни
три потопни пумпи – пумпите 3, 7 и 8 кои се ставија во функција, а за
останатите е потребна реконструкција.
Поради неработењето на хидросистемот во изминатиот период,
нивото на водостојот на Дојранското Езеро е 76 сантиметри под дозволениот
минимум и доколку продолжи ваквиот тренд нивото може и дополнително да се
намали со оглед дека и хидролошка состојба е неповолна.