<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Министерот за внатрешни
работи Панче Тошковски запрашан кога ќе профункционираат камерите од
многуочекуваниот проект Сејф Сити истакна дека поставувањето на камерите во
Скопје, Тетово и Куманово се очекува да биде завршено и проектот да биде
финално пуштен во текот на 2025 година. Системот ќе регистрира сообраќајни
прекршоци како што се минување на затворен сигнал (црвено светло), возење со
брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање со крајна цел зголемување
на сообраќајната култура и намалување на сообраќајните несреќи со човечки жртви
чии бројки се очекува драстично да се намалат.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">„Проектот иако
планиран и почнат од порано не се предвиделе системските решенија како ќе се
имплементира и низ другите институции како судовите. Законските измени ќе бидат
во насока на усогласување на нашето законодавство со европското законодавство.
Измените се однесуваат на воведување на нови членови во Законот за безбедност
на сообраќајот на патиштата кои директно се однесуваат на сопственикот на
возилото (или оној со правото на користење на возилото) со кое е сторен
сообраќајниот прекршок. Сообраќајниот прекршок ќе биде документиран со
соодветни технички средства и уреди за снимање при што на сопственикот на
возилото ќе му биде доставен соодветен поднесок за сторениот сообраќаен
прекршок. Дорегулирањето на постапката за заштита на личните податоци е во тек,
односно во периодот што следи, запазувајќи ги сите законски регулативи. Секако
ќе има период на информирање на граѓаните, нивно прилагодување кон системот со
цел да стартуваме сите спремни и заедно да градиме сообраќајна култура која ќе
резултира со ред во сообраќајот без жртви“, потенцираше Тошковски во Владата
учествуваше на платформата „100% посветено за тебе“</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Тошковски на крај
истакна дека Министерството е целосно посветено кон креирање на опремена,
обучена и модерна европска полиција која ќе ја штити безбедноста на сите свои
граѓани и бескомпромисно ќе се бори со сите видови криминал и корупција кои ја
нагризуваат функционалноста и просперитетот на општеството.</span>