Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван
Живковски информира дека предложил до Управниот одбор на Агенцијата да се
намалат цените на катастарските услуги до 75%. Целата постапка финиширала, а
Владата го усвоила новиот тарифник.
Според Живковски, новите цените стапиле пред три недели и
граѓаните веќе плаќаат 75% помали цени за услугите што ги добиваат.
Директорот на Катастар исто така појасни дека наследиле
околу 5600 заостанати предмети кои што не се решавале дури и по 6-7 месеци.
Според н<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">его</span>, успеале да ги
решат сите тие предмети, а во моментов имаат наплив на нови.
-По неколку саботи и секој месец работиме прекувремено за да
се завршат сите работи. Сите предмети тековно се решаваат и немаме застој,
додаде Живковски на прес-конференција.