Црната листа што ја објави Стејт департментот ги
делегимитира сите наративи што ДУИ се обидуваше да ги пласира во јавноста.
Особено со последните активности со шаторите поставени пред Уставниот суд, каде
што се претставуваат како „чувари на јазикот“, вели политикологот Џенур Исени
Иако сите знаеме, јавна тајна е што се случува во нашата
држава со корупцијата и што граѓаните многу малку му веруваат на судскиот
систем, ние очекуваме „калето“, односно Стејт департментот да ни ги отвора
очите. Ставањето на црна листа на Артан Груби и Енвер Беџети е јасен показател
што се случуваше во минатото и многу добар пример за сегашниве политичари што
се сега на власт како не треба да постапуваат додека се на власт и како не
треба да се „опијанат“ од функцијата што ја извршуваат, вели политикологот
Џенур Исени.<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>
Во утринската програма на <a href="https://www.slobodenpecat.mk/videointervju-dzhenur-iseni-za-dui-e-postrashno-vo-opozicija-otkolku-vo-pekolot/">Слободен печат</a>, Исени посочи дека
со ова е нанесен голем удар врз Демократската унија за интеграција (ДУИ).
– Мислам дека со овој удар и со нарушени односи со
најголемите македонски политички партии, со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ, ќе им биде
многу тешко на претстојните локални избори. Знаеме дека во најголемите општини,
во Гостивар, Чаир, Тетово, Кичево, не се победува ако немате коалиција со
некоја македонска партија. Црната листа што ја објави Стејт департментот ги
делегимитира сите наративи што ДУИ се обидуваше да ги пласира во јавноста.
Особено со последните активности со шаторите поставени пред Уставниот суд, каде
што се претставуваат како „чувари на јазикот“ – додава Исени.
Тој смета дека ДУИ ја замајува јавноста и со невистината
дека Уставниот суд има намера да го укине албанскиот јазик, иако се работи за
преиспитување на уставноста на Законот за употребата на јазиците.
– Се обидуваат да направат тензии и проблем, а всушност нема
проблем. Бидејќи се појавија информации дека Уставниот суд ќе го разгледа, но
нема да го укине Законот. ДУИ се обидува да профитира на проблемите што самите
ги создале. Законот за јазиците кој требаше да биде чекор напред во
унапредување на меѓуетничките односи во нашето општество, стана извор на
поделби поради аномалиите што ги содржи овој закон. Кога законот беше изгласан,
токму Бујар Османи го однесе пред Венецијанската комисија, оттаму имаше забелешки
за три клучни членови на Законот, и тогаш Османи рече дека ќе ги хармонизираат
тие забелешки. А сега тој протестира против тоа – дециден е политикологот.
Исени со жалење ги анализира настаните од пред две недели,
коишто се случија за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме.
– Многу ми е жал што во нашето општество има плодна почва за
национализам, но кога ќе видите кои луѓе се во притвор за тие настани, ќе
видите дека сите се под 18 години. Тоа беа многу непријатни сцени, без разлика
дали беше палено државното или албанското знаме. Катастрофа е тоа што ние уште
разговараме за такви проблеми и такви немили настани. Ја проследив
прес-конференцијата на коалицијата Влен, каде беа покажани фотографии од
инволвираните во инцидентите како блиски луѓе на Артан Груби, како блиски на структурите
на ДУИ, но тоа ќе мора да го истражат органите на прогонот.
Тој смета дека главен извор на тензиите во Македонија е
фактот дека ДУИ е во опозиција.
– Жално е да се гледа како ДУИ не може да се помири со тоа
дека е опозиција. Кога гледам што се обидуваат да направат, помислувам дека
местото во опозицијата им паѓа потешко отколку да се во самиот пекол. Се
создаде митот дека ДУИ ќе биде доживотно на власт. Се создаде митот дека секоја
албанска партија која сака да дојде на власт, тоа ќе мора да го направи преку
ДУИ – вели тој.
Исени смета дека владејачката коалиција делува стабилно и
дека без поголеми пробле<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">м</span>и ќе
продолжи да го формира мнозинството во парламентот. Тој се надева дека борбата
со корупцијата и организираниот криминал ќе се засили и дека граѓаните ќе ја
добијат заслужената правда.