Изминативе години
постојано бевме сведоци на скандалозни и сомнителни доделувања на пари од Фондот
за иновации. Од блиски до тогашната власт на СДСМ и ДУИ, се до нелогични
„иновации“ како рецепти или пак препишани проекти и така натаму. Каква беше
развршницата на сето ова досега не знаевме, се додека не се смени власт.
Вчера новиот директор
на фондот, НиколаДодов на прес конференција соопшти дека околу 60 фирми
злоупотребиле 192 милиони денари, односно 3,2 милиони денари. Тој додаде дека
имало фантомски проекти, фирми блиски до партии, идентични проекти, сомнителни
донации.
Додов соопшти
детали од ревизијата која уште трае и нагласи дека веќе се наплатени околу
600.000 евра. Дел од побарувањата се во фаза на поднесување кривични пријави до
Обвинителството и граѓански парници по кои понатаму ќе постапуваат надлежните
судови. Тече рокот од три
дена за жалби кај нотарите и кај извршителите, по што ќе уследат кривични
пријави.
Сепак, тој не соопшти имиња на компании кај кои се утврдени неправилности, и рече јавноста
ќе биде известена.
Плусинфо повикувајќи
се на свои извори објави дел од имињата на фирмите во кои ревизијата на ФИТР
утврдила неправилности.
Една од тие фирми
е „Пауерад ИНТ“, со седиште во Глобал во Струмица. Таа е поврзана со „Еленица“
на Заеви. Во оваа фирма ревизијата утврдила злоупотреба на државни средства и
измама. Не биле спроведени проектни активности. Фирмата 3 години немала поднесено
завршна сметка во Централен регистар.
Со Зоран Заев е
поврзана и фирмата „Медија лаб“ со седиште во струмички Глобал. Еден од
основачите на фирмата е Зоран Заев, но тој истапил од неа. На оваа фирма не им
се одобрени извештаите поради незавршување на активностите.
Тука е и фирмата
„Еверест ЏД ДООЕЛ“ на добро познатиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети. Еден од
поголемите „гревови“ на Дрин Ахмети е тоа што префрлал средства на иста фирма
во Косово.
Со внукот на Али
Ахмети е поврзана и фирмата „Тхор Индустрис“, кај која е утврдено неизвршување
на проект и затајување на извештаи.
Од позвучните
имиња е „Дуна ДОО“. Своевремено имаше сомневања за поврзаност на фирмата со
скандалот во ДИК во 2020 година за време на изборите и со хакерските напади на
денот на изборите, но тие сомневања не се потврдија.
Покрај овие
фирми, во фаза на извршување се и предметите за следните фирми:
„Тецуп Груп“ од
Тетово. Со неа е раскинат договорот поради несоодветно менаџирање со средства
од проектот. Купени се машини пред потпишување на договорот за финансирање.
„Лемакс-пак” од
Струмица. Раскинат е договорот поради незавршување на активности и несоодветно
менаџирање со проекти.
Друштво услуги и
програмирање „МЕЛСТЕК СОЛУШНС ДООЕЛ“ увоз-извоз Битола од Битола. Раскинат е
договорот поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на
активности.
„Зафиров
кетеринг” од Неготино. Утврдено е трошење на средства без покритие и
неспроведување на активности според договорните обврски.
„Инспирион
Солушнс“ од Скопје. Раскинат договор поради непочитување на договорните обврски
и неспроведување на активности.
Студио за убавина
„Мираж“. Оваа фирма е отидена во стечај, но директно ќе се поведе кривична
постапка за злоупотреба на државни средства и за измама на државни органи.
Фирмите од овој
список ризикуваат да се соочат со пријави за кривичното дело Измама, додека
управителите со пријави за кривичното дело Злоупотреба на службена должност.