<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Премиерот
Христијан Мицкоски очекува извештајот на Европската комисија за напредокот на
земјата, што треба да биде објавен денеска, да биде сличен како и претходниот
извештај со одредени подобрувања во некои области.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Во изјава за
медиумите дадена денеска во општина Ѓорче Петров, премиерот рече дека ќе даде
свое мислење за извештајот откако ќе биде објавен.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">– Од овој
извештај од тоа што можам да го добијам како неофицијална информација опфаќа
период од 10 месеци од претходната влада и техничката влада, два месеци од оваа
Влада и е нешто помал бидејќи е променет форматот за да биде прегледен за
граѓаните и за јавноста. Очекувам да биде нешто слично како и минатиот
извештај, можеби во некои области да има некакви подобрувања, но да го добиеме
и официјално, па ќе го коментираме – рече Мицкоски.</span>