Својот максимум го давам на локално ниво, а ќе продолжам да го давам максимумот и на централно ниво, порача градоначалникот на Куманово и претседателски кандидат на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски во вечерашното интервју на ТВ Телма.
Димитриевски на овие избори настапува под слоганот „Максимум за Македонија“, не се гледа дел од „истите што само се менуваат“.
- Не би рекол дека сум дел од истите. На Македонија ѝ треба нова политичка гарнитура. Долги години бев активист на СДСМ. Скала по скала, дошло време сум имплементирал власт. Сум се одважил во моменти кога таа политичка гарнитура која што го води СДСМ ги направи најкрупните грешки. Своите ставови сум ги кажал јавно, а тие биле суштински најсилни од позиција на централна и од позиција на локална власт. Се заврши таа приказна, излегов на избори, побарав поддршка од граѓаните, добив апсолутна поддршка во Куманово и продолжувам понатаму“, нагласи Димитриевски.