Веќе се чувствува
дека доаѓаат промените во Македонија, но мора да потенцирам дека изминативе 7
година тука во овој регион ништо не се инвестираше, не само што имаме пад на
институциите, ние имате руинирана инфраструктура, нула инвестиции, распад на
системот и тоа мора да го смените, затоа
повикуваме на 24 април и на 8 мај приклучете се кон промените и големата
победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ,
и носител во ИЕ 5, Ѓорѓија Сајкоски на вечерашниот митинг во Ресен.
Сајкоски истакна
дека тоа ќе биде победа на народот против неправдите, но за да донесеме силни
институции и претседател каков што заслужува Македонија, мора да се избориме и
да излеземе максимално на овие избори.
Сакам да направам
една споредба сегашниот претседател велат дека надлежностите му биле ограничени
или ги немал и затоа се однесувал вака или така, сакам да порачам дека
Македонија памети дека имала претседатели, но изминативе 5 години немаме
претседател, туку имаме статист кој ги премолчи сите процеси изминатиот период
и кој наутро зборува едно, после пладне друго, а навечер ги демантираше двете
работи, рече Сајкоски.
Сајкоски нагласи
дека неопходно е да направиме промени кои ќе не носат кон подобра иднина во
Македонија.
- Секој ден на
Пендаровски му е Европа во устата, а нема посета на европски лидери, не посети
ниту еден европски лидер, а од друга страна Македонија не ја посети ниту еден
европски лидер. Затоа ние се стремиме и мора да донесеме претседателка која ќе
ја води државата и која ќе биде заштитник на интересите на народот, интересите
на македонските граѓани тука и ќе ја промовира Македонија надвор. Мора да донесеме голема победа, победата за
ВМРО-ДПМНЕ е победа за Македонија, потенцираше Сајкоски.
Сајкоски нагласи
дека иден претседател е Гордана Силјановска Давкова, а иден премиер Христијан
Мицкоски затоа што ВМРО-ДПМНЕ ја има народната поддршка.
Останаа уште
неколку недели до големата победа која ќе донесе раст, развој, правда, ќе
донесе борба против криминал и корупција и надеж дека во Македонија може да се
работи, изјави Сајкоски.