<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Овие извештаи од
тогашните безбедносни служби се креирани на почетокот на 2020 година кога е
изборна. Замислете дека една од безбедносните агенции располага со вакви
информации во кои што јас инспирирам, организирам и финансирам вакви
терористички структури, а притоа не го информира МВР. Одговорот е јасен – не го
информира бидејќи тогаш беше техничкиот период, а тогаш министер беше Наќе
Чулев. Останатото оставам на Обвинителството да допре гласот до нив и по ова да
се преземат некакви мерки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по
вчерашните детали за негово физичко следење.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Според Извештајот
на работата на Агенција за национална безбедност, кој е декласифициран за
јавноста, тогашните безбедносни служби го назначиле сегашниот премиер, а тогаш
лидер на опозиција, како организатор на „параполициска воена формација“ и
физички го следеле, но не само него туку предмет на следење било и неговото
семејство, двата малолетни сина и неговата сопруга. Постоеле двајца извори
„Цилиндар“ и „Џокер“ кој што го следеле Мицкоски, како што рече тој, во два
наврати на Водно кога бил со две женски особи и при негова посета на манастирот
„Св. Јован Бигорски“ и средба со припадници на патриотско здружение.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Според Мицкоски,
случајот му го измислиле со цел службите да си направат алиби за негово
следење. Параполициската воена формација, која била наведена како причина за
тоа, според Мицкоски, била составена од македонски радикални екстремистички
настоени граѓани кои имале за цел да ги заплашуваат граѓаните и да
издејствуваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ.</span>