Министерот за
надворешни работи Тимчо Муцунски очекува извинување од соседна Бугарија оти
беше изоставено поставувањето на македонското знаме при средбата на
претседателката Гордана Силјановска Давкова и нејзиниот колега Румен Радев во
Софија.
„Доколку другата
страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по
ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека
не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување“, рече
шефот на дипломатијата во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.
Муцунски беше
запрашан дали воопшто ќе имаше државна реакција за отсуството на македонското
знаме при средбата меѓу Сиљановска-Давкова и Радев, ако не беа реакциите во
македонската јавност.
„Свесни бевме за
тоа што се случи, јасно увидовме дека постои дискрепанца меѓу договорениот
проткол и тоа што се случи во пракса, но одлучивме, поради специфичноста на
моментот, таму да реагираме на таков начин како што се реагираше“, рече
Муцунски.
Попладнето во МНР
беше повикан новоименуваниот бугарски амбасадор во земјава, Желјаско Радуков,
за да му биде врачена протестна нота по случајот со неистакнувањето на
македонското знаме на претседателската средба во Софија. Радуков, како што
потврди МНР, одбил да ја прими протестната нота.