Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Автомобил се запали на автопатот Велес – Скопје

6 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Автомобил во движење вчера се запали околу 17 часот на автопатот Велес – Скопје, по патарината Отовица,  предизвикувајќи моментална вознемиреност кај останатите учесници во сообраќајот.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица Велес, повикот за интервенција го добиле во 17:05 часот, по што веднаш излегле на терен со една противпожарна единица и четворица пожарникари.

– Возилото беше изгаснато за кратко време, а повредени, за среќа, немаше – информираат од велешката Противпожарната единица.

За среќа во пожарот немало повредени лица па поради тоа не била повикана екипа од Брзата помош – Велес за да интервенираат.

Причините за пожарот засега не се познати, а настанот е под истрага на надлежните органи.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ