Вечерва, најголем дел од вестите на сите телевизии отпаѓа на изјави и вести за преземени активности на Министерството за внатрешни работи. Мислам дека тоа е тоа што го очекуваше и за што гласаше огромно мнозинство граѓани во земјава. И ова треба да продолжи, пишува Зоран Јовановски на ФБ.
Јовановски, кој е магистер по економија, ангажиран е како советник за макроекономски прашања и јавни финансии во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора. Задолжен е за извршување на работите на Коморскиот сенат и на Советот за напредни технологии и унапредување на квалитетот во производството и услугите. Тој е и независен член на Надзорниот одбор на НЛБ банка.