<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Кандидатот за
претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски кој загуби во првиот круг со
182.000 гласа разлика од кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова
вели дека бојкотот за втор круг доаѓа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Според него, тие
знаат дека се губитници.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Битно е да се
каже дека повиците од бојкот доаѓаат од политичката структура која ја поддржува
г-ѓата Силјановска. Тие зборуваат за декуражирање на другата страна, нема да
имаат интерес зошто знаат дека се губитници. Од моја страна, ниту некогаш било
кажано ни помислено“, додаде Пендаровски.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Тој додаде дека
станува збор за уставна одредба која мора да се почитува, и која вели дека 40%
од гласачкото тело мора да излезе за да имаме валиден претседател.</span>