Друштво за трговија и услуги 24инфо ДОО Скопје упатува јавно извинување до Христијан Мицкоски од Скопје, за објавената невистинита вест на ден 26.02.2023 година со наслов „Мицкоски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ со што Друштвото за трговија и услуги 24 Инфо ДОО Скопје, сторило клевета спрема Христијан Мицкоски со што му ја нарушила честа и угледот.
Предходно за своите лаги и други портали блиски на СДСМ како на пример еден од тие на Џабир Дерала без осудени за лага.
,,Лагата е како топка снег. Колку подолго се тркала, толку поголема станува, но кога ќе застане ќе се растопи – Мартин Лутер Кинг. Снегот се растопи во рацете на тие кои ги раскажуваат лагите. По добиената пресуда вчера медиум се извини за изнесената клевета кон мене.
Дополнително, медиумот на Џабир Дерала, и тој самиот е осуден за клевета за лагата првично пласирана од кујните на СДСМ и ДУИ, дека наводно сум изградил куќа во Козле. Ниту сум изградил, ниту имам куќа надвор од имотот кој веќе го поседувам.
Народот треба да биде свесен дека ваквите лаги се силно потхранувани и ширени и од инсталациите на власта во дел од една лажна опозиција која е на услуга на власта, и тоа лесно се препознава.
Тие повеќе зборуваат за ВМРО-ДПМНЕ отколку за суштината и лошото владеење. Затоа со години сум предмет на најцрната кампања на власта, која треба да ја засени вистината која ја збориме за тешкиот живот. Но количеството на криминал, неправди и тежок живот е толку голем, што ниту една лага не е погласна од тоа. Така и мојот мотив да ги поразиме е дотолку поголем, затоа што Македонија се губи, а ние немаме втора татковина. Промените доаѓаат“, напиша тогаш Мицкоски на Фејсбук.
Со пресудата тужениот беше задолжен да ја објави изреката во еден дневен весник на простор не помал од осмина од страницата, од правата до петтата страна од печатеното средство за јавно информирање, како и да ја објави изреката на пресудата на официјалната веб страна на издавачот во истиот формат и големина како и објавената вест која содржи клеветнички изјави за тужителот, во рок од 15 дена.
Мицкоски пред пресудата го повлече барањето тужениот да му плати надомест за нематеријална штета поради сторена клевета износ од 60.000 денари.
По јануарското извинување, медиумот денеска се извини уште еднаш за големата клевета.