<span lang="EN-GB" style="mso-ansi-language:EN-GB">Интерпол
финализираше мега операција во која се уапсени 2.500 лица поврзани со мафијата
и организираниот криминал. Операцијата „Либерта II“ била спроведена во 116
земји и територии, во периодот од 29 септември до 4 октомври, а финализирана на
5 ноември, вклучувајќи ја Албанија и Македонија, објави Ора њуз.</span>
<span lang="EN-GB" style="mso-ansi-language:EN-GB">Оваа
операција на Интерпол е преземена во рамки на акцијата за борба против
трговијата со луѓе.</span>
<span lang="EN-GB" style="mso-ansi-language:EN-GB">-Интерпол
успеа да спаси 3.222 потенцијални жртви, меѓу кои малолетници принудени да
работат на фарми во Аргентина, мигранти во ноќни клубови во Албанија и во
Македонија, питачи во Ирак, домашни работници на Блискиот Исток, додава
телевизијата.</span>
<span lang="EN-GB" style="mso-ansi-language:EN-GB">Операцијата
овозможи да се откријат онлајн центрите за измами кои ги експлоатираат жртвите
на трговија со луѓе. Поточно на Филипините, полицијата упадна во магацин каде
што повеќе од 250 луѓе, главно Кинези, биле вклучени во измама.</span>