Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Зејн Малик ја расплака публиката на концерт, му оддаде почит на Лиам Пејн

24 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој ги расплака сите присутни на самиот крај од настапот кога му оддаде почит на трагично починатиот Лиам Пејн со кого пееја во популарниот бој бенд One Direction.

За време на изведбата на Зејн на Stardust, на екранот зад него се појави голем знак: „Лиам Пејн 1993-2024. Те сакам брат“.

„Плачев кога го видов ова“, „Честитки Зејн, ова ни требаше“, напишаа неговите фанови на социјалната мрежа Х.

Инаку, Зејн и Лиам беа членови на One Direction, заедно со Ниал Хоран, Луис Томлинсон и Хари Стајлс. Тие брзо постигнаа глобален успех и станаа еден од најпродаваните бендови на деценијата. Членовите на бендот направија пауза во 2015 година, но никогаш не се вратија заедно после тоа.

Потсетуваме, 31-годишниот Лиам Пејн трагично загина на 16 октомври, паѓајќи од балкон на хотел во Буенос Аирес. На 20 ноември се одржа погреб во неговиот роден Вулверхемптон. Покрај семејството и пријателите, се собраа сите членови на One Direction, а се појави и Сајмон Кауел, човекот кој го собра популарниот бој-бенд.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ