Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Прва изјава на Меган Маркл за разидувањето со принцот Хари

27 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Сопружниците на „крстопат“, кога е во прашање нивниот однос – еве за што станува збор.

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, неодамна присуствуваше на настан по повод Денот на благодарноста во Јужна Калифорнија, но без нејзиниот сопруг, принцот Хари. Нивниот работен однос, според неодамнешните извештаи, станал затегнат, а парот, како што се тврди, моментално е на „крстопат“ кога се во прашање нивните деловни потфати.

Иако честопати ги гледавме заедно на јавните настани, во последниве месеци, Меган и Хари присуствуваа на одредени манифестации одделно. Според извори блиски до парот, во текот на изминатиот месец и двајцата признале дека се соочуваат со предизвици во врска со балансирањето на нивните професионални ангажмани, затоа што често им се случуваат разидувања.

Меган претходно ја споредуваше нивната врска со фразата „сол и бибер“, велејќи дека таа и Хари се „секогаш заедно“ во сè, но сега изгледа дека нивните патишта почнаа да се разидуваат, барем кога станува збор за нивните професионални обврски.

И додека се шпекулира за можна разделба во нивниот работен живот, Меган ја искористи можноста да проговори за својот ангажман во важен настан по повод Денот на благодарноста. Таа присуствуваше на вечерата, која беше организирана во партнерство со Фондацијата Арчевел, која ја основаше заедно со Хари. Настанот ги собра жените од Авганистан кои се населиле во САД, а Меган им изрази благодарност на учесниците, нагласувајќи ја важноста на заедништвото и издржливоста.

- Вечерата беше можност за отворени разговори за благодарноста и отпорноста, но истовремено и за градењето заедница преку раскажувањето на личните искуства. Многу сум благодарна на сите што ги споделија своите искуства и со нетрпение очекувам идни собири кои ќе ги зајакнат овие врски, изјавила Меган.

Меган исто така истакна дека празниците за неа и за Хари отсекогаш биле скромни, за разлика од оние во кралското семејство. Претходно во интервјуата таа спомна како секогаш била убедена дека мора да има место на масата за пријателите кои немаат семејство, а се присети и на еден незаборавен Ден на благодарноста, кога нивна специјална гостинка била феминистичката активистка Глорија Стајнем.

Додека војвотката од Сасекс беше во Калифорнија, принцот Хари беше во Канада, каде што присуствуваше на настан во склоп на Invictus Games, спортски игри за лица со посебни потреби. Иако беа видени одвоени во последниве месеци, Меган и Хари неодамна им оддадоа почит на ветераните заедно на Денот на ветераните, поставувајќи обединет фронт во јавноста.

Како што дознаваме, парот планира да настапи заедно во февруари 2025 година на Invictus Games во Канада. Многумина се прашуваат како ќе изгледа нивната иднина, особено поради с  погласните шпекулации за нивна можна професионална разделба. Меган дури ја спомна можноста нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, наскоро да бидат видени во јавноста за прв пат, иако тоа досега не се случило.

Се чини дека, иако парот професионално се оддалечува, нивниот заеднички живот сè уште стои на цврсти темели.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ