Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Граѓаните на Базел сакаат Евровизија и покрај критиките од екстремната десница

25 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Гласачите во Базел, Швајцарија го поддржаа предлогот нивниот град да биде домаќин и да го финансира следниот натпревар за песна на Евровизија, на референдумот распишан по екстремно десничарските обвинувања дека натпреварот промовира хомосексуалност, небинарни личности и сатанизам.

На референдумот во Базел, две третини од граѓаните ја поддржаа идејата градот да одвои 37,6 милиони евра од пар даночни обврзници за организација на Евровизија (ЕСК) и сите придружни настани. Парите ќе бидат потрошени за свечен пречек и сместување на гостите и за зајакнување на градскиот јавен превоз во деновите на фестивалот.

Против гласале 33,4 отсто од гласачите, јавуваат медиумите на германски јазик. Референдумот беше инициран од малата, ултра-конзервативна христијанска партија, Федералната демократска партија (ЕДУ), со петиција со 4.000 потписи.

ЕДУ како причина за распишување на референдумот ги наведе напнатата политичка ситуација и безбедносните ризици, како и фактот дека натпреварот промовира антисемитизам и ќе му наштети на угледот на Швајцарија.

Швајцарија ја доби организацијата на песната на Евросонг откако нејзиниот претставник Немо, кој се декларира како небинарна личност, победи на овогодинешниот натпревар во Малме.

Натпреварот, кој вклучува три натпреварувачки вечери и ќе трае една недела, ќе се одржува под мотото „ Надминување на границите“. Тие три натпреварувачки вечери, според постоечките податоци, ширум светот ги следат меѓу 150 и 180 милиони гледачи. Базел ќе го организира ЕСК во мај 2025 година во мултифункционалниот комплекс Јакобшале, кој е во сопственост на градот.

Претходно и политичари и бизнисмени дадоа поддршка за организацијата на настанот./MИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ