Наместо среќа и уживање, деновите од бременоста ги поминува неутешно, откако во телефонот на раперот пронашла пораки со други жени.
- Меган е скршена - открива извор за In Touch, а потоа додава:
-Да, точно е дека Меган ги прекина сите нивни врски, но тоа не значи дека повеќе не го сака - открива изворот.
Двојката веќе имала турбулентен период минатата година, кога Меган ја раскина свршувачката поради гласините дека Кели ја изневерува. Тогаш актерката ги избриша сите заеднички слики на Инстаграм, а во објавата напиша: „Се чувствува неискреноста, тоа е во воздухот“.
По раскинувањето, парот се врати во врска, но сега работите станаа поинакви.
- Меган се чувствува како да ја изневерил. Не може да се помири со идејата дека навистина е готово, иако вели дека знае дека мора да биде така. – заклучил изворот.
Меган веќе има три деца со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин, додека Машин Ган Кели има една ќерка со Ема Кенон.