По истражувањата на Центарот за граѓански комуникации од
јануари до октомври 2024 и нивните поединечно објавени имиња и бројки за тоа
дека македонските општини потрошиле речиси еден милион евра на естрадни пејачи
од регионот и Македонија, неколку портали меѓу ги реобјавија резултатите, а
истата тема одеше и како еден од прилозите во емисијата „360 степени“ на првата
програма на националниот сервис – МТВ 1, во четвртокот вечер, по 20.00 часот, објави Вистина.
периодот од јануари до октомври 2024, за еден настап на вечер најплатена е
Северина за манифестацијата „Крива Паланка“ – град на културата, за чиј настап
Кога се домашните иведувачи пак во прашање, в истата табела
стои дека според нив најплатена за еден настап била македонската пејачка Бојана
Скендеровски за неготинската вечер во рамките на караванот „Македонијо во срце
те носиме“ одржана на 13 -ти септември 2024 во Неготино, за која излегува дека
Токму затоа на медиумските написи, но најмногу на начинот на
презентацијата на резултатите од истражувачите од Центарот за граѓански комуникации реагираше според нив „најплатената по вечер“
македонска естрадна уметница – Бојана Скендеровски, појаснувајќи дека случајно
или намерно е направен превид или груба грешка во табеларниот преглед, со што
јавноста се доведува во заблуда, а нејзиното име како човек и естраден уметник
се валка и омаловажува и во очите на останатите колеги и во очите на нејзи ните
обожаватели и целокупната публика.
Имено, името на Бојана Скендеровски е ставено покрај
исплатената сума за т.н. Неготинска вечер, а всушност таа бројка се однесува на
целиот проект, односно трошоците за хонорар за сите 13 изведувачи како и
расходите за техниката.
Нејзината реакција интегрално ви ја пренесуваме во целост:
„После објавата на Центарот за истражување Цивил дека сум на
листата на најплатени пејачи за изминатата година, би сакала да дадам своја
изјава во која поконретно ќе ја објаснам сумата за која сум исплатена… На 13/09
општина Неготино организираше Традиционална Неготинска вечер, во која јас како
проект менаџер на проектот “Македонијо во срце те носиме” бев повикана да
дојдеме и да настапиме со изведувачите од нашиот проект… Таа сума е наменета за
хонорарите на 13 учесници во проектот и озвучувањето на настанот… За жал сеуште
ниту еден пејач во Македонија не може да ја постигне таа сума,за разлика од
нашите колеги од соседството кои земаат и дупло од сумата за која бев платена
како менаџер на проект одговорна за 13 учесници во истиот… Се приклучувам на
ставот дека се даваат премногу пари за пејачи од странство,замислете што може
да се направи за дупло помала сума од таа што се дала изминатата година само за
македонска музика и изведувачи….?!“ – вели пејачката во својот демант.
При тоа, Бојана Скендеровски како доказ дека нејзиното име
„случајно или намерно“ е злоупотребено, од небрижност, незнаење или груба
тенденција, приложи и некоку материјални
докази.
Меѓу останатите, тука е Договорот со општина Неготино од кој
се гледа дека е склучен помеѓу нив, претставувана од градоначалникот Горан
Стојанов, со кој таа како проект-менаџер го менаџира настанот во име насите
учесници на караванот „Македонијо во срце те носиме“, вклучувајќи ги и нивните
хонорари, како и сите останати трошоци и тоа на две рати.
За ова Бојана ја приложи и Финансиски и наративен извештај
со спецификација на трошоци по одредени ставки – од хонорари за сите изведувачи
и музичари, до трошоците за ПР – маркетинг и техника… за овој концертен настап.
Секако тука се и фотографиите од таа вечер како доказ дека
настанот се одржал, а на него настапиле сите наведени протагонисти.
Од сето ова произлегуваат неколку нешта. Убаво е што некој
се потрудил да ги анализира трошоците на оптшините за естрадна дејност и забава
па уште еднаш да се постави прашањето: Зошто туѓото секогаш е неколкупати повеќе платено од домашното, без
оглед дали толку вреди или не? Од друга страна прашање е дали во проценката на
истражувачите има и поинаква тенденција, да се оцрни нечие финансиско работење
или заработка, или тоа само така патем може некому да му се причини од
изведените имиња и бројки?
Најпосле, ако веќе јавно и транспарентно „мафтате со крупни
суми и познати имиња“, мора да се потрудите и тоа како да внимавате на
деталите. Зашто од небрежност или незнаење, последиците се исти како и оние кога зад „погрешната објава“ се крие нечија
тенденција.