Официјалните лица рекоа дека дошле до овој заклучок откако утврдиле дека Пејн најверојатно бил во несвест кога паднал од балконот на третиот кат на хотелот CasaSur во Буенос Аирес на 16 октомври.
Оваа информација, во комбинација со „други релевантни информации“ за количината на дрога што ја конзумирал пред неговата смрт, како што е забележано во неговиот токсиколошки извештај, им овозможи на обвинителите да заклучат дека Пејн не бил целосно свесен или бил во состојба на „намалена или изгубена свест “ и затоа не паднал намерно, пренесува Page Six.
„Оваа ситуација ја исклучува можноста за свесно или доброволно дејствие од страна на жртвата, бидејќи во состојбата во која се наоѓал не бил свесен за своите постапки ниту можел да ги разбере“, се вели во соопштението на обвинителството.
Да потсетиме, аргентинската полиција уапси три лица за смртта на Лиам Пејн. Според извештаите на ABC World News и аргентинскиот весник La Nación, полицијата уапсила двајца вработени во хотелот и пријател на Лиам, кои наводно се претставил како негов менаџер. Според нив, пејачот поминал извесно време со нив пред неговата смрт.