Според нив, тие ѝ понудиле огромна сума на пари за неколку настапи на стадионот на Тотенхем Хотспур, кој може да прими околу 60 илјади луѓе.
Иако неодамна изјавила дека планира да оди на долг одмор, наводно решила да го одложи и да продолжи со низата одлични настапи. Извор близок до пејачката за Mirror изјавил дека доколку Адел се согласи да одржува концерти, би можела да заработи и до пет милиони фунти по настап (околу шест милиони евра).
„Има понуда Адел конечно да настапи на стадионот на Спарс, кој е нејзин сон со години. Таа го сака тој фудбалски клуб и се труди да не пропушти ниту еден натпревар на телевизија“, открил и изворот.
За потсетување, Адел моментално ги завршува настапите во Лас Вегас, а на своите фанови им порача дека нема да ја продолжи турнејата. „Воопшто немам никакви планови за нова музика“, рече таа во интервју за германски ЗДФ. "Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно?" додаде пејачката.
Инаку, Адел го започна своето шоу Викенд со Адел во Вегас, поточно во Цезар Палас, во ноември 2022 година, а последниот настап е закажан за 23 ноември 2024 година. Исто така, во август оваа година одржа 10 концерти во Минхен , во специјално прилагодени арени со капацитет од 80.000 луѓе на вечер.