Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Три дена се слушале врисоци од шумата, полицајците затекнале хорор во стар бунар (ВИДЕО)

9 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Мештаните известија дека со денови слушале плач и крици од блиската шума и дека претпоставувале дека се работи за „духови“.

Поради оваа причина, никој од нив не влегол во шумата за да провери што се случува, туку чекале полиција, јавува Лакале Блу радио.

Селаните три дена ја трпеле необичната врева, верувајќи дека се работи за „натприродни работи“, но вистината била многу пошокантна. Полицајците дошле на местото на настанот и се обиделе да лоцираат од каде доаѓа вресокот. Набрзо наишле на напуштен бунар.

Во дупка длабока 12 метри, полициските службеници во неверување го пронашле Кинезот Л.Ц. Младиот човек го влечеле на површина во следните половина час, кога било констатирано дека има фрактура на левиот зглоб, неколку модринки и потрес на мозокот.

Покрај тоа, Кинезот бил прилично исцрпен, бидејќи три дена не јадел и не пиел вода. Повредениот веднаш бил префрлен во болница каде му била укажана лекарска помош.

Со помош на преведувач, Л.Ц. објаснил дека врескал еднаш на секој час за да ја зачува силата. Оваа одлука веројатно му го спасила животот, бидејќи на тој начин не го изгубил гласот пред да биде пронајден.

Иако спасувачите претпоставуваат дека тој случајно паднал во бунарот додека се обидувал да излезе од шумата, сè уште не е јасно како стигнал таму и што барал на границата меѓу Тајланд и Мјанмар.

Бидејќи тој е кинески државјанин, локалните власти го вклучиле Одделот за имиграција за да ги разјаснат околностите за неговото присуство во оваа област.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ