Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Тргнал на роденденска забава, стигнал таму со 500.000 долари: Наеднаш сите ми станаа пријатели

11 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Двојката застанала во локална продавница за да купи ситници, а Дејвид зграпчи грепка на Мега Бакс за да се забавува по пат.

 „Седев на совозачкото седиште и го изгребав лозот. Одеднаш извикав: „Боже мој“. Жената го погледна напишаното и рече: „Тоа не е реално“, но беше“, објасни тој.

Се испоставило дека жителот на Ајова купил добитна грепка која му донела речиси 500.000 долари (околу 475.000 евра), пренесува UPI.com.

 „Така станав главна ѕвезда на забавата, поголема од роденденското момче! Го освоив џекпотот и одеднаш сите ми станаа пријатели“, рече тој.

Дејвид открива дека дел од парите ќе ги потроши за купување нов автомобил и патување со сопругата.

„Ќе видиме некоја оддалечена локација“, призна тој.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ