Поранешната
германска канцеларка Ангела Мерке даде неколку интересни коментари за нејзините
претходни разговори со актуелниот американски претседател Доналд Трамп.
Во интервјуто
пред објавувањето на нејзините мемоари, Меркел, меѓу другото, зборуваше и за
тоа што новоизбраниот американски претседател мисли за германските автомобили.
Таа откри
информација дека Трамп бил „опседнат“ со тоа што, според него, во Њујорк има
премногу германски автомобили.
„Доналд Трамп
беше опседнат со фактот дека, според него, во Њујорк има премногу германски
автомобили“, изјави Меркел за весникот „Кориере дела сера“.
„Тој секогаш
велеше дека ако стане претседател, ќе воведе толку високи царини што
германските автомобили ќе исчезнат од улиците на Менхетен“, додаде Меркел.
Инаку, Трамп има
импресивна колекција на сопствени автомобили, за кои пишувавме во оваа статија
(вклучувајќи неколку Мерцедеси), а како претседател на САД ќе ја има
привилегијата да вози во специјално направен автомобил.
„Ѕверот“ во кој
вози секој американски претседател, а чини два милиони американски долари, е
надграден и прилагоден Cadillac One.
Со резервоари за
кислород и шише со крвната група на претседателот, Ѕверот е имун на сите
напади, од вооружени и биолошки до бомби. Стаклото е дебело 7,6 сантиметри, а
телото е изработено од челик, алуминиум и титаниум.
Резервоарот за
гориво е исто така блиндиран и исполнет со специјална пена која спречува
експлозија дури и во случај на директен удар. Во задниот дел, шефот на Белата
куќа може да има тројца придружници, а од возачот е одделен со стаклена
преграда.