Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Промоторите на дронови - „летечки такси“ ги прекинаа тест летовите во Париз за време на ОИ

8 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Германскиот производител Volocopter веќе неколку години спроведува пробни летови во регионот на Париз и напорно лобираше за овластување од европските власти навреме за Олимписките Игри.

Компанијата соработува со францускиот аеродромски оператор ADP, метрото и автобускиот оператор во главниот град RATP и регионалната влада на Париз.

Сертификацијата за VoloCity, моторот замислен и направен од Volocopter, е одложен за неколку недели, рече заменик-извршниот директор на ADP, Едвард Аркрајт.

Првично пробните летови требаше да се извршат за време на ОИ, слетувајќи на пловка на Сена  во југоисточен дел на Париз.

Промоторите се надеваа дека ќе ги искористат ОИ за да покажат дека технологијата може ефикасно да ги поврзе местата за полетување и слетување. Сепак, пробните летови без патници ќе се одржат на аеродром западно од Париз, в четврток и в недела. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ