Фреди е роден 1989 година и животот не го милувал, но во него верувале неговите небиолошки родители, на кои, како што вели, им должи се што постигнал во животот.
Фреди Фигерс денес има 31 година и е успешен пронаоѓач, претприемач и милионер во телекомуникациите - иднина која ретко кој можеше да ја предвиди по неговиот тежок почеток во животот.
Кога имал осум години, ги прашал својот татко Нејтан и мајка му Бети за околностите на неговото раѓање, а одговорот што го добил бил, во најмала рака, шокантен. Имено, Нејтан Фигерс бил работник во градска чистота и мајстор, а Бети Меј Фигерс била работник на фарма. Тие живееле во Квинси, рурална заедница со околу 8.000 луѓе во Северна Флорида, а биле во педесеттите години кога Фреди се родил во 1989 година.
- Ми рече: „Слушај, ќе ти ја кажам вистината Фред. Твојата биолошка мајка, таа те напушти. Бети Меј и јас не сакавме да те оставиме и те посвоивме. Но ти си нашиот син и тоа ќе никогаш ништо нема да се менува.“ - се присети Фреди на судбоносниот разговор со Нејтан, небиолошкиот татко кој го нашол во ѓубре неколку години претходно, целосно беспомошен, гладен и валкан.
По тој ден и разговорот, Фреди се чувствувал несакан и тешко го прифатил фактот дека мајка му го фрлила, го оставила на милост и немилост.
- Кога ми го кажа тоа, му одговорив: „Во ред, јас сум ѓубре“, и се почувствував непожелно. Но, тој ме фати за рамо и ми рече: „Слушај, не дозволувај тоа да те мачи“ – му открил на Фреди какви биле првите моменти откако дознал се за неговото потекло.
Сепак, што се однесува до Фреди, Нејтан и Бети Меј беа неговите херои и одлични примери.
- Го видов татко ми како секогаш како им помага на луѓето, застанува покрај патот за да им помогне на странците, ги храни бездомниците. Беше неверојатен човек, тоа е човекот кој отсекогаш сакав да бидам – изјави емотивно Фреди.
<b>Талент веќе на девет години</b>
За време на викендите, Фреди и Нејтан се возеле наоколу и забавувале со „нуркање во контејнер“ - барајќи корисни работи во ѓубрето. И така еден ден Фреди го насочил погледот кон компјутерот што веќе го обожавал. И токму тоа беше пресвртниот момент во неговиот живот. Конечно, еден ден, кога Фреди имал девет години, отишле во продавница за половни <span style="color: rgb(55, 65, 81); font-family: -apple-system, BlinkMacSystemFont, "Segoe UI", Roboto, Helvetica, Arial, sans-serif, "Apple Color Emoji", "Segoe UI Emoji"; font-size: 16px; font-style: normal; font-variant-ligatures: normal; font-variant-caps: normal; font-weight: 400; letter-spacing: normal; orphans: 2; text-align: start; text-indent: 0px; text-transform: none; widows: 2; word-spacing: 0px; -webkit-text-stroke-width: 0px; white-space: normal; background-color: rgb(255, 255, 255); text-decoration-thickness: initial; text-decoration-style: initial; text-decoration-color: initial; display: inline !important; float: none;">компјутери</span> каде наишле на расипан компјутер. Како што подоцна откри, за Фреди тоа бил моментот кога сфатил дека сака да го помине животот работејќи со технологијата.
Кога наполнил 12 години, другите ги забележале неговите вештини. Во клубот после училиште, додека другите деца си играле на игралиштето, Фреди почнал да поправа расипани компјутери во компјутерската работилница во училиштето.
Директорот на училиштето кога видел што прави момчето го замолил да дојде со родителите следниот ден.
- Не одведе во една соба и ни покажа еден куп компјутери, мислам дека сигурно имало 100, и ми рече: „Ми требаат овие компјутери поправени“ - рекол Фреди.
Оттогаш, тој ги поминувал своите денови по училиште поправајќи еден куп компјутери и добивал 12 долари на час.
- Не беше ни за пари. Имав можност да направам нешто што обожавав да го правам и ми беше многу забавно – откри тој.
Неколку години подоцна, се појави можност што добро ја искористи. Се запознал со информатички менаџер кој многу му значел во понатамошната кариера.
- Еј, Фреди е компјутерски гениј, веројатно би можел да помогне во ова - рекол менаџерот.
Младиот научник потоа откри што одговорил.
- Му реков: „Господине, слушајте, ако ми дадете шанса, би можел да ја направам истата програма“. Така тој ми ја даде таа можност и ја изградив таа програма токму според спецификациите што им беа потребни. Добив плата и отидов дома – откри тој.
Тоа беше пресвртница во животот на Фреди. Решил да започне сопствен бизнис.
<b>Алцхајмерова болест</b>
Неколку години подоцна, Нејтан, таткото на Фреди, се разболел од Алцхајмерова болест, поради што заборавил многу работи, дури и како да го обуе чевлите. Ова го поттикна првиот профитабилен изум на Фреди.
Тој дизајнирал уред кој, како што рекол, може да се вметне во чевелот на неговиот татко за да може да ги следи неговите движења. Фреди потоа можеше да го пронајде со GPS тракер и да отиде да го земе. Фреди имал 24 години кога Натан починал. Имаше 81 година и, за жал, не дочека да види колку неговиот син се збогатил, иако никогаш не ја изгубил надежта во него.
- Искрено, ме скрши, бидејќи сè што некогаш сакав беше да го направам среќен татко ми - изјави Фре еднаш за Би-Би-Си, наведувајќи како покојниот Нејт еднаш му признал дека никогаш не сонувал дека ќе најде гениј во контејнер, но дека верувал дека во него „лежи“ еден од најдобрите луѓе што ги запознал.