Испраќачот бил некој што не го познавал - извесен Алекс Дејвис, а она што го нашол во кутијата го оставило без зборови.
Споменатиот Алекс Дејвис е професионален нуркач и риболовец, кој живее во Барбадос.
Неодамна нурнал на местото погодено од ураганот Берил на почетокот на 2024 година и пронашол куп ‘рѓосани предмети - монети, клинци и приклучоци - користејќи детектор за метал.
Сепак, тој продолжил да копа и наишол на нешто интересно.
„Монетите беа од 70-тите и 80-тите години, па мислев дека можеби има повредни работи на истото место. Детекторот одговори со поинаков тон. „Почнав да копам и најдов прстен со темно црвен камен“, изјави Дејвис.
Веднаш забележал дека прстенот не е кородиран и има белег (доказ дека е златен). Кога се вратил на површината, нуркачот го забележал врежаниот натпис „McMaster University 1965“ и иницијалите „FMP“.
„Имав доволно информации за да се обидам да го најдам сопственикот“, рече тој.
Дејвис ја пребарал веб-страницата на Универзитетот Мекмастер и испратил е-пошта. Рекол дека сака да го најде сопственикот на прстенот и набрзо добил одговор.
„Иницијалите му припаѓаат на Фредерик Морган Периг, кој беше добар ученик и остана во контакт со нашата институција по сите овие години“, велат претставници на училиштето.
Дејвис го спакувал прстенот и го испратил на дадената адреса и така се враќаме на почетокот на текстот.
Така Периг една недела пред роденденот добил необично пакетче, а кога го отворил не можел да поверува што видел.
Станува збор за прстен изгубен во далечната 1977 година, додека тој престојувал со семејството на Барбадос, пренесува CNN.
Diver finds graduation ring lost in the ocean almost 5 decades ago and surprises its owner https://t.co/MOQTGf9OnP
— Private Officer (@privateofficer) November 10, 2024
Тој контактирал со професионалниот нуркач.
„Тоа се случи пред 47 години. Мојот син беше соборен од бран, а кога го фатив за рака, прстенот се лизна и падна во морето“, изјавил Периг.
Тој додаде дека е повеќе од изненаден.
„Оваа приказна едноставно не можеше да биде подобра. Прстенот е пронајден после толку време на дното на морето, и една недела пред неговиот роденден“, заклучил тој.