Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Нуркач останал без нога по напад на ајкула: Најблиската болница беше на 480 километри (ВИДЕО)

9 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Мажот признал дека за време на својата авантура „не се грижел за околината“, па морскиот предатор имал доволно време да му се доближи и да му ја гризне ногата.

 „Најважното нешто во врска со подводниот риболов е да се има партнер“, рече Хамберт, кој решил да нурка соло на почетокот на ноември.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Josh Humbert (@joshhumbert)

Инцидентот се случил на архипелагот Туамоту, кој е дом на најмалку 20 видови ајкули, пишува Newsweek.

„По децении успешен подводен риболов во оваа област, конечно ме касна ајкула. Се фокусирав на ловењето риба и не обрнував внимание на мојата околина. Да имав, навреме ќе ја забележев заканата“, објасни тој.

Мажот открива дека бил повреден на дури 480 километри од најблиската болница и дека војската го префрлила со хеликоптер.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Josh Humbert (@joshhumbert)

„Рибарам преку цела година, така што немам секогаш придружба. Ловев во релативно плитка вода, внатре во лагуната, наместо на океанската страна“, рече Хамберт.

Во меѓувреме, тој објасни дека изгубил чувство во стапалото - како последица на оштетени нерви и дека тоа било „емотивно исцрпувачко искуство“.

„Пијам силни лекови против болки, кои ми помагаат да спијам помирно. Останувам оптимист и многу трпелив во периодот на опоравување“, заклучи тој.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ