Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Ново изненадување за кралското семејство од Меган и Хари- им го смениле презимето на децата

18 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во 1960 година беше одлучено потомците на кралицата Елизабета Втора, освен оние кои веќе ја имаат титулата принцеза или принц, да го носат презимето Маунтбатен-Виндзор.

Но, принцот Хари и Меган Маркл одлучија нивните деца Арчи и Лилибет отсега да се викаат Сасекс. Некои беа изненадени од оваа одлука, додека други тврдат дека ова е одлука која е значајна за семејството на Хари, бидејќи го покажува нивното заедништво и сила. „Реалноста е многу едноставна - да се биде Сасекс е нивна работа, а семејството сега го има истото презиме за прв пат. Тоа е голема работа за секое семејство. Тоа го претставува нивното обединување и е момент на гордост за нив“, коментира извор за Тајмс.

За потсетување, децата на принцот Хари и Меган Маркл не ја добија титулата принцеза и принц при раѓањето, но тоа се промени кога нивниот дедо, кралот Чарлс, дојде на власт во 2022 година. Арчи и Лилибет потоа станаа принц и принцеза.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ