„Младоженецот ме замоли да им се извинам на сите во негово име“, рекол адвокатот на 36-годишниот маж од Крит, кој на денот на свадбата е уапсен поради поседување кокаин.
Необичниот случај се случил во Грција во саботата, кога младоженецот бил уапсен пред да стигне во црквата да се ожени со својата сакана. Тој бил приведен од полицијата откако пронашла кокаин.
"Тој се подготвуваше во куќата на татко за му да оди во црква. И се јавил на мајка си и и рекол да ја скрие дрогата што ја чувал таму. Таа го направила тоа за да не ја расипат свадбата", рекол адвокатот.
Уапсена е и мајката на младоженецот. На прашањето дали можеби свадбата ќе се случи, адвокатот рекол дека тоа зависи од одлуката на обвинителството.
„Доколку им се даде опција да не бидат затворени до судењето, двојката е решена да ја одржи свадбата и крштевката и да им се оддолжи на гостите кои останаа на цедило“, додал адвокатот.
Да потсетиме, младоженецот и неговата мајка беа уапсени во саботата, додека многу гости останале во шок. Според медиумите, наводно дури 900 гости веќе биле во црквата и ја чекале венчавката, кога стигнала веста дека таа сепак нема да се одржи.
На свадбата биле поканети околу 2.000 гости, а младоженецот имал дури 14 кумови. Се било откажано откако младоженецот наместо во црквата бил одведен во полициска станица.
Во куќата полицијата пронашла и запленила три пакувања со 174,1 грама кокаин, 132 патрони различен калибар, две прецизни ваги, амфора, статуетка, сума од 3.550 евра и два мобилни телефони. Истовремено, полицијата ја уапсила и неговата 62-годишна мајка бидејќи се обидела да ја сокрие дрогата.