Џон Тинсвуд од Велика Британија починал во дом за стари лица во близина на Ливерпул, опкружен со „музика и љубов“. Неговото семејство вели дека тој бил „активен пензионер“ и волонтирал во црквата.
За себе во интервју за Би-Би-Си изјави дека бил „прилично активен како млад“ и дека „шетал многу“, но дека не знае зошто живеел толку долго. Тој инсистираше на тоа дека не се разликува од другите.
„Или живеете долго или живеете кратко - нема многу што можете да направите за тоа“.
Не држел никаква диета, вели, освен што јадел риба и чипс секој петок. "Јадам тоа што ми се сервира, како и сите други овде. Немам посебен режим на исхрана", рекол своевремено 112-годишникот.
Омилениот фудбалски клуб Ливерпул е основан само 20 години пред неговото раѓање. Тоа значи дека Тинсвуд не доживеа само два од 66-те најголеми трофеи на „црвените“ - првите две титули во 1901 и 1906 година.
Тој се преселил во домот во Саутпорт непосредно пред неговиот 100-ти роденден.
Неговата добрина и ентузијазам за живот биле инспирација за вработените во домот и за сите што живееле таму, велат од неговото семејство.
Откако наполни еден век, секоја година добиваше роденденска честитка од кралицата Елизабета, а подоцна и нејзиниот син, кралот Чарлс. „Би сакале да им се заблагодариме на сите во Обединетото Кралство и ширум светот што му испратија на Џон честитки и пораки со поддршка за неговите родендени, тој навистина ги ценеше.
„Џон отсекогаш сакаше да се заблагодари, па затоа во негово име би сакале да им се заблагодариме на сите што се грижеа за него низ годините – негувателите во домот, неговите лекари, медицинските сестри и другиот персонал на NHS“.
Семејството побара било какви донации во спомен на Џон да бидат доделени на Ејџ УК, која се занимава со правата на старите лица, или на добротворна организација по сопствен избор.
Најстариот човек во историјата бил Џиромон Кимура од Јапонија, кој во моментот на смртта во 2013 година имал 116 години и 54 дена.
Најстариот човек на светот моментално е Јапонецот Томико Итока, кој има 116 години.