Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Најдобри трикови за чистење на казанчето во тоалетот

11 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Кога ќе го кренете капакот, немојте да се изненадите ако затекнете нечистотија и бигор.

Бањата е место каде што се врши лична хигиена, затоа што редовната хигиена е неопходна. Поради многу влага, најчесто во бањата се создава мувла. Меѓутоа, се случува дури и кога темелно ќе ја исчистите бањата, да се почувствува непријатен мирис.

Причината за ова може да биде нечистото казанче. Кога ќе го подигнете капакот, немојте да се изненадите ако затекнете насобрана нечистотија и бигор.

Ова се 5 ефикасни трикови за казанчето да изгледа како ново и да функционира беспрекорно.

1. Оцет и сода бикарбона

Растворете шолја сода бикарбона во оцет, истурете ја во казанчето и оставете ја да отстои преку ноќ. Наутро измијте го со врела вода за пенливи резултати.

2. Таблети за чистење

На пазарот има одлични таблети специјално наменети за чистење казанчиња. Употребата е многу едноставна. Навечер, додека казанчето е полно со вода, ставете ги во него и наутро пуштете вода. При изборот, внимавајте да не земате од оние таблети кои ја менуваат бојата на тоалетната школка.

3. Детергент и оцет

Ова е уште една одлична комбинација која одлично го чисти казанчето и дава свеж мирис. Измешајте половина мала шолја течен детергент со шолја оцет и од оваа смеса истурајте во казанчето после секое плакнење. Ако имате тврдокорни дамки, оставете ја оваа смеса да делува преку ноќ. Задолжително измијте го казанчето пред повторно користење.

4. Избелувач

Ова е уште едно проверено средство кое сигурно ги отстранува дури и најтврдокорните дамки во казанчето. Истурете едно капаче белило во казанчето и почекајте половина час, а потоа едноставно исплакнете. За да ја отстраните целата нечистотија, повторете ја постапката неколку пати.

5. Сок од лимон (или лимонтус)

Сокот од лимон е универзално средство за чистење, особено на тврдокорни, жолти дамки и бигор. За подобро чистење на казанчето, најпрво испразнете го и затворете го вентилот. Исцедете лимон во сад и со стара четка за заби нанесете го сокот во внатрешноста на казанчето и темелно исчистете го. Пуштете вода и исплакнете. Лимонската киселина не само што ќе ви помогне да се ослободите од тврдокорните дамки, туку и ќе остави свеж мирис.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ