Но, причините за често будење ноќе може да бидат кофеин или алкохол во доцните часови, лоша средина за спиење, нарушувања на сонот или друга медицинска состојба. Ако човек не може брзо да заспие, нема да има доволно квалитетен сон за да се чувствува свежо и здраво. Следат неколку поттикнувачки фактори за испрекинатиот сон навечер.
Општо земено, на возрасните им требаат околу седум до девет часа сон секоја вечер за подобро здравје и благосостојба. Спиењето е поделено на периоди на лесен, длабок и тн. РЕМ-сон. Поголемиот дел од длабокиот сон се случува рано ноќта. Пред утрото преовладува лесниот сон и РЕМ - она кога телото е најактивно, најчувствително и лесно може да се разбуди - а признакот за тоа е „рапидно (брзо) мрдање со очите" (Rapid eye movement - REM), пишува босанскиот порртал „Кликс“.
Физички причини за будење среде ноќ
Многу медицински состојби имаат симптоми коишто изгледаат и се чувствуваат полошо ноќе. Тука спаѓаат: Болка - особено кај артритис, срцева слабост, српеста анемија или рак; проблеми со дишењето поради астма, бронхитис или други белодробни заболувања; дигестивни проблеми - особено болка и кашлица поради враќање киселина или симптоми на нервозно дебело црево; хормони (жените често се будат ноќе кога нивото на хормоните се менува при менструација или менопауза); топли бранови и ноќно потење; болести на мозокот и нервите; често мокрење; или поради здравствени проблеми како што се дијабетес, срцеви заболувања или циститис.
И лекарствата за овие состојби може да влијаат и на сонот. Тука спаѓаат бета-блокатори, антидепресиви, лекови за АДХД, деконгестиви и терапии за дишење коишто содржат стероиди.
Доколку имате здравствен, но и психолошки проблем којшто често Ви го нарушува сонот, консултирајте и лекар за тоа.
Психолошки причини за будење во средината на ноќта
Стресот е една од главните причини за будењето навечер. И други проблеми со менталното здравје, исто така, може да предизвикаат проблеми со спиењето. Тука се спомнуваат: Анксиозни нарушувања, како што е посттрауматско стресно растројство; биполарно растројство; депресија; шизофренија.
Навики коишто влијаат на спиењето будењето навечер
И некои нешта што ги правите секој ден може лошо да влијаат на сонот. Во таа смисла се наведуваат: Распоредот на спиење, промените во времето за спиење и будење, коишто го отежнуваат одржувањето на Вашиот внатрешен часовник; електрониката - на пр. светлината од телефонот и компјутерот, меѓу другото; алкохол - пијалак пред спиење може брзо да Ве заспие, но ќе се разбудите среде ноќ кога неговото дејство ќе исчезне; тоа, исто така го попречува длабокиот и РЕМ-сонот; кофеин - стимуланс на којшто му се потребни осум часа за да се разгради; пушењето цигари...
Никотинот е стимуланс којшто може да ви наруши сонот. Многу пушачи се будат прерано бидејќи телото е навикнато на цигара. /МИА