Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Мајка на четири деца се напила вода во кафуле во Болоња и паднала во кома

6 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Инцидентот се случил на 2 ноември кога една жена седнала во кафуле да јаде кроасан и нарачала кафе заедно со него. Ѝ дадоа чаша вода по што ѝ се слошило, објави италијански Тудеј.

Во болница била примена во многу тешка здравствена состојба, поради што 10 дена била во кома. Сега, откако ѝ се подобрило здравјето, вели дека нема кој да се грижи за нејзините четири деца.

"Пиев вода во кафуле и потоа бев во кома речиси десет дена. Сѐ уште се мачам да зборувам и да јадам. Не сум способна за работа и имам четири деца да издржувам. Сѐ уште не знам каква штета ми направи таа вода, не добив ни извинување“, изјавила 48-годишната жена за италијанските медиуми.

Во болницата било констатирано дека во водата имало детергент кој ѝ нанел оштетувања на усната шуплина и хранопроводникот, а имала и крвавење поради внесување на каустични материи.

„За неколку моменти ми се слоши, почнав да повраќам и се јавија на 911“, додала жената.

Италијанската полиција го истражува овој случај поради многу сериозни повреди кои најверојатно се предизвикани ненамерно. Трентно, единствената личност под истрага е шанкерот кој ѝ ја подал водата.

„Не дадоа никаков одговор, ниту од просториите, не знаеме ни дали ќе има надомест на штета, продолжија редовно да работат, немаше проверка, а раководителите не одговорија на писмо или барање за обештетување што го испративме“, рече адвокатот на жената.

Покрај физичкото страдање, жената е и крајно тажна затоа што никој од вработените од кафулето не се интересирале со нејзината здравствена состојба, ниту се распрашувале за неа по инцидентот“, заклучи адвокатот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ