Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Лажни водоинсталатери упаднале во стан во Париз и нападнале деца,ги врзале и ги ограбиле

12 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Децата на возраст од 4, 5 и 15 години во неделата биле нападнати од двајца лажни водоинсталатери, а најстарото дете било врзано и под закана со нож, јавуваат француските медиуми.

Како што пренесуваат локалните медиуми, мажите во доцните утрински часови заѕвониле на вратата од станот во кој бил тинејџерот (15) со помалиот брат и сестрата, додека неговата мајка била на работа.

Момчето погледнало низ шпионката и одбило да им ја отвори вратата на непознатите мажи, но тие инсистирале дека се водоинсталатери и дека треба да влезат во станот. По нивното инсистирање момчето ја отклучило вратата и веднаш било нападнато.

Со нож го одвлекле тинејџерот во кујната и му го украле мобилниот телефон, а потоа почнале да викаат дека нивната мајка им должи 5.000 евра. Потоа ги грабнале неговите помали брат и сестра и ги одвлекле во спалната соба, каде што го врзале тинејџерот.

Додека едниот од напаѓачите чувал стража, другиот од куќата одзел скапоцености - златни ѓердани и алки, часовници...

Недолго потоа напаѓачите го напуштиле станот. Тинејџерот го ослободиле братот и сестрата, а потоа ѝ се јавиле на мајка му. Жената набрзо пристигнала дома, а кога слушнала што се случило изгубила свест од шокот. Децата потоа повикале помош.

Мајката дала исказ во полиција, а истрагата ја води надлежното обвинителство.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ