Ќерката на австралиски милијардер е меѓу жртвите на напаѓачот со нож кој упадна во трговски центар на истокот на Сиднеј!
Дони Синглтон (25) купила венчаница минатата недела, според локалните медиуми, и требало да се омажи за млад човек со кој се забавувала уште од средно училиште. Девојката веќе почнала да испраќа покани до најблиските и пријателите, но трагично го завршила својот живот кога во трговскиот центар Бонди ја избодел разбеснетиот Џоел Кочи (40).
Ешли Вајлд, вереникот на убиената девојка, кој случајно е полицаец, по морничавата игра на судбината, дошол во трговскиот центар за да им помогне на своите колеги кои биле првите пристигнати на местото на масакрот.
- Тој пристигна во Вестфилд во моментот кога полицијата сфати дека неговата вереница е една од жртвите - изјавил изворот за Дејли телеграф.
Дони е една од трите ќерки на австралискиот мултимилионер Џон Синглтон.
Работела во австралиската модна куќа White Fox Boutique како асистент во компанија за е-трговија.
- Дон беше слатка и љубезна личност која го имаше целиот живот пред себе. Таа беше навистина неверојатна. Сите сме уништени од оваа загуба. Нашето сочувство до нејзиниот партнер и семејството Синглтон. Таа засекогаш ќе остане запаметена како дел од нашето семејство, соопштија од компанијата.
Кочи, според локалните медиуми, пред Дони Синглтон ја нападнал Ешли Гуд (38) и нејзиното деветмесечно бебе. Гуд почина во болница додека нејзината ќерка е во сериозна, но стабилна состојба, откако беше подложена на итна операција во текот на ноќта. Третата жртва на нападот е мајката на две деца Џејд Јанг.
Полицијата по нападот соопшти дека од шестмината убиени, пет се жени. Шестата жртва бил припадник на обезбедувањето. За време на нападот беа повредени уште осум жени и двајца мажи. Според последните информации, дел од нив се во тешка состојба.
Кочи упаднал во трговскиот центар околу 15:20 часот, носејќи голем ловечки нож, по што почнал да ги брка купувачите. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека преплашените купувачи трчаат да избегаат или се засолнуваат во продавниците додека се огласувала сирената за евакуација.
Инспекторката Ејми Скот, да потсетиме, патролирала во близина и прва пристигнала во трговскиот центар по што го застрелала напаѓачот.