Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Извештај: Туризмот генерира 3,3 милијарди годишно за мафијата

11 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Извештајот е заснован на податоци од различни официјални и авторитетни извори, вклучително и националната статистичка агенција Истат и Банката на Италија, јавија италијанските медиоуми.

Прометот и профитот на мафијата ќе пораснат во следните години - јубилејна за Римокатоличката црква, со милиони верници кои се очекуваат во Рим во 2026 година, и идната година кога ќе се одржат ЗОИ на северот на земјата.

„Широката претприемничка ранливост создава идеални услови за контрола на мафијата“.

 „Меѓународните настани како што се Олимписките игри во Милано-Кортина во 2026 година и јубилејот во 2025 година само го зголемуваат ризикот од инфилтрација“.

Според истражувањата, мафијашката организација која најмногу профитира од туризмот е калабриската 'Ндрангета, која заработува повеќе од 1,6 милијарди евра годишно.

Камора, која главно работи во Неапол и околниот регион Кампанија, заработува повеќе од 950 милиони евра.

Организациите или поседуваат акции во хотели и ресторани или изнудуваат „пари за заштита“ од легитимни бизниси.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ