Сигурно во нечиј тоалет сте налетале на котле кое има две копчиња за испуштање вода - помало и поголемо.
Можеби не сте размислувале премногу за тоа каква разлика прават и за што всушност служат, а денес ќе се позанимаваме со одговорот.
Генијално и едноставно решение кое придонесува за заштеда (пари и вода) и во исто време ја штити животната средина. На кој начин?
Двете копчиња контролираат два (различни) резервоари. Едниот содржи околу четири литри вода, а другиот околу шест (бројките варираат во зависност од моделот).
Помалото копче се притиска по мокрењето, а поголемото по обавувањето голема нужда. На овој начин, просечното домаќинство може да заштеди десетици илјади литри вода годишно, како што е објаснето во следното видео: