Познато е дека Доналд Трамп може да се пофали со одлично здравје. Во една прилика има кажано дека претседателските кандидати имаат обврска да бидат здрави, а за резултатите од неговите тестови зборуваше во различни емисии. Откако повторно се покрена темата, особено на сметка на портокаловата боја на кожата, која е очигледна кај Трамп, сега многу луѓе се заинтересираа за исхраната на новиот претседател на Соединетите Американски Држави. Прилично е изненадувачка.
Како прво, Доналд Трамп не е пребирлив кога станува збор за храната. За разлика од многу претседателски кандидати, кои секојдневно имаат лични готвачи и посебни менија, Трамп ужива во брзата храна, исто како и секој Американец. Сепак, тоа не го брише фактот дека многумина се изненадени од неговата исхрана. Еве што се јаде во еден ден:
Доналд Трамп во 2016 година му кажа на Џеси Волтерс од Фокс њуз дека го прескокнува појадокот секогаш кога може. Ручекот е неговиот прв оброк во повеќето случаи, а омилен оброк во денот му е вечерата. Сепак, понекогаш се решава да појадува, а потоа најчесто избира јајца и сланина, житарки или Мекмафин од Мекдоналдс. Трамп никогаш не пие чај или кафе.
Прехранбените навики на Доналд Трамп беа откриени во книгата Let Trump Be Trump, напишана од поранешниот менаџер на кампањата Кори Левандовски. Тврди дека претседателот често може да помине 14 до 16 часа без да јаде. Тој е голем љубител на месни лепчиња, а тоа е познато од 2005 година кога заедно со Меланија се појавија на гости на Марта Стјуарт. Таму подготвија оброк, за кој Трамп рече дека му е омилен.
Доналд Трамп јаде брза храна речиси секој ден, вклучувајќи ги Мекдоналдс, Бургер Кинг и КФЦ. За вечера најчесто избира Мекдоналдс, а потоа нарачува два Биг Мек-а, два Филе-О-Фиш-а и мал чоколаден шејк. И пицата е дел од неговата исхрана, но никогаш не ја јаде кората. Обожава хамбургери, кои бара да бидат добро зготвени, а како прилог зема кечап.
Не пие кафе или чај, но затоа сака да пие диетална кока-кола наутро. Наводно, за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, тој имал инсталирано копче за диетална кока-кола, која му ја носеле и до 12 пати на ден. Со неа, сака да јаде грицки, особено чипс. Инаку, Трамп наводно секој пат отвора ново пакување грицки, дури и ако има уште во претходната ќесичка. Тоа го прави затоа што има голем страв од бактерии.