Таа пријавила дека слуша „чудни звуци под куќата“, но ништо не можело да ја подготви за изненадувањето што следело, пренесува Yahoo News.
Старицата која живеела во споменатата куќа со месеци на семејството му кажувала дека слуша необични звуци.
„Тоа обично се случуваше навечер, па мислевме дека се работи за некакво животно“, рекол шурата на жената, Рикардо Силва.
Меѓутоа, под куќата не се криел ракун, туку нешто многу пострашно.
Минатиот четврток звуците станале погласни, па преплашената жена повикала полиција. Патролата брзо пристигнала на местото на настанот, а под семејната зграда бил пронајден гол маж.
Тој одбил да излезе, па на помош биле повикани специјалните сили, односно тимот SWAT. По неколкучасовна драма, мажот е уапсен и идентификуван како И.Б.(27).
„Не сакаше да излезе надвор, не се плашеше од полициските кучиња, а првите два обиди со солзавец не вродија со плод“, открил претставник на полициската служба.
Против него е поднесена пријава, а првото рочиште пред судот е закажано за 6 декември. И.Б од претходно им бил познат на органите на прогонот, но останува непознато што правел под куќата на несреќната жена.