Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Алигатор го дoбил името „Дарт Вејдер“ – скока на музиката што го следи омразениот лик (ВИДЕО)

12 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Рептилот го добил името по еден од најпознатите негативци на големото платно, Дарт Вејдер, а луѓето останале без зборови кога сфатиле зошто.

На интернет кружи снимка од забавен парк, каде водичот Пол Бедард го кани „Дарт Гејтор“ на ручек.

Рептилот веднаш реагира, но не поради вкусната риба, туку поради тактовите на „ Imperial March“!

Ако не сте запознаени, „Imperial March“ е темата што обично се слуша во сцените со Дарт Вејдер.

„Сосема е неверојатно што тој одговара на ритамот на оваа музика. Другите алигатори се мирни“, рече Бедард.

И навистина, „Dart Gator“ реагира како по команда и штом музиката престане, тој „замрзнува“, пренесува Times Now News.

„Видете, дури се движи во ритамот на маршот“, додаде водичот, додека очите на неговото милениче изгледаа како да блескаат од радост.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ